На заедничката компанија на железниците на Словенија, Хрватска и Србија за товарен сообраќај ќе се приклучи и „Македонски железници“ одлучено е попладнево во Загреб. Претставниците на железниците на Словенија, Хрватска и Србија на 9-ти септември во Белград го потпишаа протоколот за усогласување на основачкиот акт на Алијансата на железници во 10-от коридор – Карго 10 и протоколот за основање заедничка компанија на железничките компании од трите држави, односно нова компанија за товарен железнички сообраќај „Карго 10“. Како што пренесува Хина, Хрватски железници во вторник попладне издале соопштениe во кое се наведува дека според потпишаното и договореното во Белград, во Загреб бил одржан состанок на претставниците на идната Алијанса Карго 10, ХЖ Карго, Словенечки железници, Железница на Србија, Железница на Република Српска, а првпат уечствувал и претставник на Македонски железници – Транспорт, директорот Оливер Дерковски, кој изразил желба и македонската компанија да се вклучи во Алијанса Карго 10.
На заедничката компанија на железниците на Словенија, Хрватска и Србија за товарен сообраќај ќе се приклучи и „Македонски железници“ одлучено е попладнево во Загреб, пренесува агенцијата Хина.
За сега, нема официјална потврда за информацијата од страна на „Македонски железници“.
Претставниците на железниците на Словенија, Хрватска и Србија на 9-ти септември во Белград го потпишаа протоколот за усогласување на основачкиот акт на Алијансата на железници во 10-от коридор – Карго 10 и протоколот за основање заедничка компанија на железничките компании од трите држави, односно нова компанија за товарен железнички сообраќај „Карго 10“.
Како што пренесува Хина, Хрватски железници во вторник попладне издале соопштениe во кое се наведува дека според потпишаното и договореното во Белград, во Загреб бил одржан состанок на претставниците на идната Алијанса Карго 10, ХЖ Карго, Словенечки железници, Железница на Србија, Железница на Република Српска, а првпат уечствувал и претставник на Македонски железници – Транспорт, директорот Оливер Дерковски, кој изразил желба и македонската компанија да се вклучи во Алијанса Карго 10.
На состанокот била донесена одлука дека се прифаќа пристапувањето на Македонски железници на Алијансата, што е во согласност со Договорот од Опатија кој беше потпишан оваа пролет, а договорот за приклучувањето ќе се потпише најверојатно пред поаѓањето на првиот воз на Алијансата што според планираното треба да се случи на почетокот од октомври.
Во соопштението на Хрватски железници се додава дека на состанокот во Загреб било нагласено дека групата е отворена за нови членки,кои ќе можат да се приклучат по склучување на договор за пристапување.
Основата цел на Алијансата и на новата железничка компанија ќе биде оптимизацијата на деловниот процес во организација на товарниот железнички сообраќај. Учесниците на денешниот состанок разговарале за моменталните и идните активности.
Генералниот директор на МЖ, Дерковски имал и одвоена средба со управата на Холдингот ХЖ, Зоран Поповац, на кој било разговарано за натамошната соработка меѓу двете компании и за вклучувањето на МЖ во Карго 10.
Инаку директорот на Словенечки железници Роберт Вуга, на состанокот реферирал за разговорите што ги имал со претставниците на црногорската железница и некои други железнички компании од регионот.